Нова читална и нова библиотека во Ѓорче Петров, вети Мисајловски

Во програмата имаме нови проекти како нова читална и нова библиотека, вели кандидатот за градоаначлник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Во старото кино ќе изградиме комплетно нова читална и нова библиотека за сите млади луѓе, но и за сите оние кои сакаат да прочитаат добра книга. Ќе се потрудиме да има проекти за сите и да направиме бесплатни интернет зони, насекаде во Ѓорче Петров особено онаму каде граѓаните најмногу се собираат. Ќе ги поддржиме и сите културни манифестации во Ѓорче Петров бидејќи сакаме да има што повеќе проекти за сите граѓани во нашата општина, истакнува Мисајловски.