Општинарите од Центар почнаа да ја реконструираат фасадата на зградата на булевар „Илинден“ број 83.
Оштетената фасада, која како што велат од Центар, не била реконструирана 60-ина години и од која паѓаше малтер и цели делови, ќе добие нов лик со енергетски ефикасна фасада. Објектот ќе го задржи автентичниот архитектонски изглед, а во договор со станарите ќе биде одлучено во каква боја да се обои.
Оваа зграда со површина од 2.135 квадратни метри е деветта по ред која ја реконструира Општина Центар во период од две години.