Нов скандал ја тресе Македонија: Лекари малтретирале и врзувале дете со аутизам во психијатриска установа

Нов скандал го стресе македонското здравство откако синоќа на социјалните мрежи вирално се сподели потресно сведоштво на една мајка, која ги обвини лекарите дека нејзниото дете со аутизам го малтретирале и врзувале во психијатриска установа.

- После месец дена, мојот син денес го зедовме од психијатриска болница, така ни кажаа викендов. Јас не можам да верувам каде живееме, зарем нашето дете е ѕвер? Да, агресивен стана овие две години и затоа побаравме здравствена помош, но во 21 век да го врзувате ... ? Дали така се заколнавте кога полагавте дека ќе бидете хумани? Ова дете е 17 годишно ... Душата ме боли, се прашувам дали ние како родители погрешивме што побаравме помош?! Зошто нема соодветна институција за нашите деца? Вака не се смирува дете, ова е насилство! Барам одговорност за овие рани од што бил врзуван!, вели шокираната мајка.