Нов медал, атлетичарката Сара Дураку се закити со бронза

На македонските репрезентативци од Специјалната Олимпијада кои учествуваат на Светските игри 2019 во Абу Даби медалите им станаа секојдневие.

Овој пат меѓу најдорбите е атлетичарката Сара Дураку, која заедно со тренерот Ифраим Лута денеска освоија бронза на трката на 100 метри.

За постетување, вчера атлетичарот Ардијан Шабани освои две сребра на 50 метри, а додека СП во Абу Даби со златен медал го отворија Марио Мицковски и Стефан Трпковски во пливање на трките на 50 метри слободен стил.