Косово дава по 1.500 евра на семејства кои загубиле член поради коронавирусот, но под еден услов

Косово дава по 1.500 евра на семејства кои загубиле член поради коронавирусот.

До крајот на ноември, тие можат да аплицираат за еднократната помош. Помошта се однесува само на блиски членови на семејството, како брачен другар, дете или родител, пренесуваат регионалните медиуми.

За електронската пријава е потребна потврда за матична регистрација, со која се потврдува семејната поврзаност на барателот со починатиот и копија од последната страница од личната карта на лицето кое аплицира.

Министерството за финансии соопшти дека по 1 октомври 2021 година, оние кои ќе изгубат член на семејството поради вирусот, може да добијат помош само доколку починатиот член на семејството е вакциниран со двете дози.

Во регионот, бројките на заразени се високи. Хрватска има преоптоварени болници, во Србија дури има и бебиња кои се на респиратори, а Бугарија е пред заклучување.