Од денеска влез во Косово само со две дози од вакцина

Од денеска за влез во Косово е потребна потврда за вакцинација со две дози од вакцината против коронавирус.

Луѓето кои не се вакцинирани со двете дози од вакцината нема да смеат да влезат, пишува Коха.

Одлуката беше донесена од владата на привремените институции во Приштина на почетокот на декември 2021 година, кога беа донесени нови мерки за сузбивање на коронавирусот.