Започнува истрага за случајот со починатиот сточар од кратовско, кој почина по неколку дена во болница како последица на повредите и смрзнувањето на дел од телото.
Комисија за утврдување на правилност во примената на стандардните оперативни процедури за работа на Регионалните центри за управување со кризи Кратово и Куманово почна со работа и го истражува случајот со сега веќе починатиот 63-годишен човек од Емирица, информираат од Центарот за управување со кризи.
Тоа, се вели во соопштението од ЦУК, е дел од преземените активности заради целосно расветлување на случајот на координацијата и давањето помош на медицинскиот тим во кратовско, којшто го спаси премрзнатиот сточар од село Емирица.