Министерството за внатрешни работи информираше дека денес околу 02.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе лица.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и при обид да ги раздвојат лицата и тие биле нападнати.
Приведен е Ф.Д.(25) од Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во полицискиот билтен.