Уапсен скопјанец на граничниот премин „Долно Блаце“

МВР информираше дека вчера во 09:40 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ на излез од Република Северна Македонија, по извршена пасошка контрола и проверки констатирано било дека 37-годишниот А.М. од Скопје евидира во Оперативна евиденција со мерка „апси“ по Наредба од Кривичен Суд Скопје.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.