Истурена боја на зградата на Министерството за култура, МВР го расчистува случајот

Непознати лица  ја “нападнаа“ зградата на Министерството за култура. Објектот е офарбан со боја и се напишани натписи.

Со црвена боја е напишано и МКД.

КУРИР побара одговор од МВР, каде прашаа дали ги имаат најдено сторителите, дали истите се забележани на камерите од околината и колкава е настанатата штета.

-На 12.01.2019 година во 00:35 часот во ЕИК-Скопје, вработен во Министерство за култура, пријавил дека од страна на непознати лица била истурена боја на влезната врата и фасадата од зградата на Министерството за култура. Се преземаат мерки расчистување на настанот, е одговорот кој МВР го испрати до редакцијата на КУРИР.