Со настап на Влатко Стефановски општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник "Илинден 2-ри Август“

На ден 26.07.2018 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот на паркот „Галерија на отворено“, пред Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден.

Под мотото "Со Илинден традицијата продолжува“, на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Одбележувањето на Денот на Општината ќе биде збогатено со настап на Влатко Стефановски Трио. Жителите на општина Илинден ќе имаат ретка можност да уживаат во звуците на музиката на македонската музичка легенда, Влатко Стефановски, кој ќе се претстави со повеќе преработени традиционални изворни македонски песни, потоа со дел од неговите евергрини, за настапот да го заокружи со промоција на нумери од својот најнов албум.

Ќе ни претставува особено задоволство ако и Вие со Вашето присуство го збогатите овој настан и сите заедно да го прославиме националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на  општина Илинден.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.