Шилегов: Паркингот за моторите првата година ќе биде бесплатен

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, на социјалната мрежа фејсбук појасни дека на паркинг зоните ќе се обележат и места за мотори и дека оваа услуга првата година ќе биде бесплатна, откако во јавноста се појави информација дека ќе се наплаќа паркинг и за моторите.

Градот Скопје, на ПОСТОЈНИТЕ паркинг зони, ќе означи места за паркирање на моторите. Даваме МОЖНОСТ луѓето кои ги користат овие превозни средства, да можат своите мотори безбедно да ги остават на паркинзите. Особено што голем дел од нашите граѓани, во пролетно/летниот период ги користат моторите да стасаат до своите работни места и мака мачат каде да ги остават за време подолгиот престој. Оваа услуга во првата година ќе се нуди БЕСПЛАТНО, напиша градоначалникот Шилегов на својот фејсбук профил.