[Програма] Викенд настани и забави во Скопје

Акција за разубавување на Ченто

Под мотото „Ченто, чисто ти ќе бидеш”, денеска, жителите на населбата Ченто и одговорните соседи ќе се погрижат овој дел од градот да блесне во полн сјај.

Акцијата за разубавување на Ченто ќе започне точно напладне во областа кај зградите кај последната станица на автобуската линија 45.

Суштината на граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ е да предизвика акција за активно вклучување на поединците, здруженијата и компаниите и да го потенцира нивниот индивидуален придонес кон остварување големи резултати од општествен интерес.

На Еврофест 2017 ќе се пее во чест на Тоше

На 21 издание на Еврофест, кое ќе се одржи денеска во Домот на АРМ со почеток од 20 часот, победниците на европските фестивали ќе пеат во чест на Тоше Проески.

Фестивалот годинава се одржува во спомен на 10-годишнината од трагичната смрт на Проески, кој на овој фестивал во далечната 1998 година ја однесе победата со песната "Сонце во твоите руси коси". 

Најубавите торти изложени

Во ВЕРО ЦЕНТАРОТ, денеска ќе се одржи  традиционалната манифестација ″ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2017″.

Граѓаните и посетителите на Скопје ќе имаат можност да уживаат во креациите на аматери и на професионалци од земјава и од странство, а годинава своето учество го најавија кандидати од осум држави. Тортите коишто ќе учествуваат на натпреварот по завршувањето на манифестацијата ќе бидат подарени на лицата со сензорна попреченост на видот.

Манифестацијата  како и изминатите години ќе биде поделена во два дела:

– ревијалниот дел од манифестацијата ќе се одржи од 12 до 15 часот, кога граѓаните ќе имаа можност да ги разгледаат изложените торти и изложбените штандови, ќе гласаат според нив за најдобрата торта, притоа уживајќи во богатата музичка програма,

– а официјалниот дел ќе трае од 15 до 16:30 часот, кога ќе се прогласат најдобрите изложбени штандови, а воедно и ќе се прогласат и победничите торти во двете категории кои ќе бидат наградени со симболични награди.

Овој проект произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2017 година.

Терен на ФК Работнички – Градски парк

Трето издание на единствениот настан за здрав животен стил, овој пат на нова локација, на отворено – Градски Парк, на теренот на Работнички.

HFW Expo е настан кој нуди голем број на бесплатни корисни совети и информации, промотивни понуди, едукација, вредни награди, отворени бесплатни тренинзи, третмани и тоа за сите возрасни граници, потреби и навики.

Оваа година, ќе бидеме сведоци на поголем настан и уште побогата програма, распределена на четири сцени и тоа: Health, Fitness, Wellness и Kids Corner.

Вино Скоп 2017

Во недела на плоштад Мајка Тереза

Чалги - 12:00 - 17:00

Тамбура Салса Бенд - 18:30 - 20:30

Баклава - 21:30 - 23:00

Министерке-23.00-01.00

Blues & Soul Festival 2017

Дирекција за култура и уметност – Скопје, со гордост ви го претставува 21-виот Blues & Soul Festival, Кој ќе се одржи од 22-ри до 24-ти септември во познатиот скопски клуб – Станица 26.

23.09.2017 – сабота 

-- "Triple Fret" (Грција) --
Sakis Dovolis – гитара, вокал / Сакис Доволис
Elias Zaikos – гитара / Елиас Заикос
Nick Dounoussis – гитара / Ник Дунусис
Fotis Dovolis – бас / Фотис Доволис
George Tzoukas – клавијатури / Џорџ Цукас
Fotis Vakouftsis – тапани / Фотис Вакуфцис
------------------------------------------------------------------------------------------
24.09.2017 – недeла

-- "Mátyás Pribojszki Band" (Унгарија) --
Matyas Pribojszki - хармоника, вокал / Матјаш Прибојски
Ferenc Szasz – гитара / Ференц Сас 
Daniel Molnar - тапани / Даниел Молнар 
Laszlo Csizmadia – бас / Ласло Чизмадиа