ЌЕ ВЕ ОСТАВИ БЕЗ ЗБОРОВИ: Зеленило, див свет, чиста вода...зад Врело (видео)

Зеленило, див свет, чиста вода и воздух се само мал дел од работите кои го прават ова месот посебно и неодоливо за посетителите. Недопрената природа во овој дел од кањонот Матка ќе направи да си помислите дека не сте на ова парче земја, ќе ве остави без зборови. 

Малку познат факт за ова езеро е дека најпосетуваната атракција на овој кањон т.е. пештерата Врело се наоѓа точно на средина по должината на езерото, па така и повеќето немале прилика да појдат подалеку од оваа точка за да ја видат другата страна каде ги нема тие неприродни звуци од моторизираните кајчиња кои движат константно низ целиот кањон. 

Видео: Кaras4training.com