Ракометарите на Вардар веќе трет ден се топ тема во јавноста не само во Македонија туку и низ цела Европа.
Македонија има за што да се радува откако во неделата Вардар го совлада ПСЖ со 24:23.
Победничкиот гол го постигна Иван Чупиќ на само две секунди до крајот на мечот.
Зарем има подобар мотив за еден навивач и верен комита на својата кожа да не го вреже датумот кога црвено-црните ја освоија европската круна.
Секоја чест момче!