Две лица се повредени во престрелката што се случи вчера попладне во Арачиново и во која, со автоматска пушка било пукано кон автомобилот на градоначалникот Ридван Ибрахими.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења, велат од ОЈО Скопје.
Од Обвинителството дополнуваат дека ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија.