И професорката Тамара Јованов со критика до полицијата која не успеа да ја заштити жртвата на уште еден фемицид во земјава.
Во Македонија има полицајци повеќе од потребното, а ниту еден кога ти треба, порача таа во својата фејсбук објава.
-Жената пријавила малтретирање, уцени и закани по живот.
Полицијата не реагира.
Психопатот ја убива.
Не е прв пат!
Ова е стандардна појава кај нас.
Кој е крив?
Тие што земаат плата секој месец за заштита на населението, а не си ја вршат работата.
При обид за грабеж кај моите и пријавување во полиција, одоговорот беше - ако нема штета, џабе пријавувате.
Логиката е дека крадецот може слободно да шета, додека да најде начин да направи штета.
Исто и со убијците!
Во Македонија има полицајци повеќе од потребното, а ниту еден кога ти треба!!!
И ова е своевиден криминал.
На нас е да си го уредиме општеството - никој друг нема тоа да го стори за нас.
Напротив!