„Има 2 милијарди за фантомски автопат, но нема по 3.500 денари за пензионерите“, вели професорката Јованов

Професорката Тамара Јованов објави нов статус по протестите на пензионерите, кои бараат зголемување на пензиите за 3.500 денари наместо најавените шест отсто.

Тамара прашува како може да има пари за фантомски автопат, но не и за пензионерите кои работеле по 30 години во државата.

- Има 2 милијарди за фантомски автопат, ама нема по 3.500 денари за пензионерите - луѓе кои ринтале по 30 години и кои помогнале со трудот, колку - толку да има денес нешто во државава. Има 100 милиони за непостоечка фабрика за електрични возила, ама не и за нашите родители - една од најоштетените и искрадени генерации во државава. Има и по 78% покачување за функционери кои секако беа меѓу поплатените, ама не и за пензионерите кои се со нечовечно ниски примања, објави професорката Јованов.