Од 13 часот денеска повторно беше блокиран железничкиот сообраќај низ Македонија поради бојкот на машинскиот и извршен персонал на МЖ „Транспорт“.
Бојкотот на вработените е поради неисплатен втор дел од платата за јуни, но и зголемување на коефициентите.
- Овој бојкот е за почнување преговори или одговор за измена и дополнување на систематизацијата, зашто имаме сознанија дека се поделени 230 решенија со зголемување на коефициентот на одредени работни места, кажа претседателот на Синдикатот на машиновозачи, Тони Димовски.