Тетовчанка заврши во болница, откако била нападната од улични кучиња.
Инцидентот се случил околу 19.30 часот во тетовско Теарце, по што истиот бил пријавен во полициска станица во 23.50 часот.
-На 06.06.2023 во 23.50 часот во Полициското одделение Теарце, 31-годишната Ш.А. од тетовско Теарце пријавила дека околу 19.30 часот во селото била нападната од неколку кучиња скитници, при што паднала и се здобила со повреди, соопшти МВР.