Вардар добива нов дом: Почна реконструкцијата на игралиштето во близина на „Јане Сандански“

По иницијатива на градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на Советот Дејан Митески, како и со поддршка на општествено-одговорна компанија, денеска почнаа активностите за реконструкција на фудбалското игралиште во близина на СЦ ,,Јане Сандански”.

Ова е првиот чекор во насока да се обезбеди нов дом за најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

-Почетниот чекор во насока на обезбедување нов дом за Вардар и Комити, опфаќа целосна реконструкција на системот за одржување на теренот и поставување нова тревна површина. Со инвестиција на одговорните компании од околу 2 милиони денари, првиот тим и младинските школи на ФК Вардар ќе добијат место на кое ќе можат да ги одржуваат своите тренинзи и натпревари, соопшти општина Аеродром.

Општина Аеродром на дело ја докажува посветеноста кон обезбедување модерни услови за спорт, како и помош и поддршка за клубот кој е гордост на Скопје и Македонија.