Советниците утре треба да се согласат Владата да ја преземе Универзална сала

Советниците на утрешната седница на градскиот Совет треба да се изјаснат за иницијативата за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Универзална сала од Град Скопје на Владата.

Иницијативата ја поднесе советничката група на СДСМ и коалицијата, поткрепена со писмото на министерката за култура, Бисера Костадиновска, која го испрати до координаторите на советничките групи пред еден месец.

За реализација на одлуката ќе мора да се промени инвеститорот, од Град Скопје на Владата на Македонија, а за тоа е потребно да се склучи посебен договор за регулирање на правата и обврските на двете страни.