Најдете баланс во животот.
Photo by bruce mars on Unsplash
Работата не може да биде најважното нешто на овој свет. Во неа само ќе се изгубите, а лесно сте заменливи. Секое работно место постои за да можеме да придонесеме, но не и да се изгубиме во него. Ако утре ден нè нема, лесно можеме да бидеме заменети од друга личност. Не постои голема филозофија во тоа, колку и да се убедуваме дека сме најдобри и незаменливи.
Сакајте ги луѓето. Ако сакате, сакајте силно. Не барајте причини. Вложете се во она во што верувате и тогаш кога другите ви велат дека можеби не треба така. Следете ја својата интуиција, бидејќи таа е дел од вас. Таа го знае патот на кој заслужувате да бидете, или не бидете. Таа ќе ви ги донесе сите одговори.
Знајте кои сте и колку вредите. Но, знајте и колку заслужувате. Не се споредувајте со другите луѓе бидејќи вашите чевли се само ваши, скроени за вашите стопала.
Вие сте убава личност, уникатна и посебна.
Верувајте во најдоброто, надевајте се, но ако нешто лошо се случи, немојте да мислите дека тоа ќе трае вечно. Што и да е, ќе помине.
Прифатете ги промените, пречекајте ги со отворени раце новите нешта и луѓе кои доаѓаат во вашиот живот и радувајте му се на животот.
Некогаш е толку едноставно, а ние луѓето го комплицираме живеењето. Не мора секогаш да е тешко.