Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини информираше дека ќе се вршат вонредни инспекции во инсталациите кои имаат А Интегрирана еколошка дозвола.
– Бараме Државниот инспекторат да соработува со локалниот инспекторат и тие да имаат можност, без најава, да влегуваат во инсталациите и да вршат вонредни инспекциски надзори - рече Нуредини.
Министерот упати апел до граѓаните да пријавуваат во Инспекторатот за животна средина, доколку забележат загадување.