Казни за 28 лица кои возеле со затеменети стакла на автомобилите

Во периодот од 12 до 18 септември, била спроведена акциска контрола низ државата за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, информираат од МВР.

Во контролата биле санкционирани 28 лица.

-На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, велат од МВР.

Од таму додаваат дека ќе продолжат и во следниот период со ваквите активности.