Во Пробиштип фатен е крадец

Вчера, 21.07.2022 година, во Пробиштип било приведено едно лице бидејќи е под сомнение дека извршил кражба.

Лицето Р.П.(31) од Пробиштип, се сомничи дека на почетокот на јули со употреба на сила и подесен алат влегол во поранешниот студентски дом „Доне Божинов“ и одзел повеќе предмети. 

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против Р.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.