Кои жени најмногу сакаат романса? Сигурно оние кои во моментов го читаат овој текст, бидејќи се љубопитни да проверат дали астролозите го кажуваат тоа што го сакаат - колку нивниот партнер е подготвен да ги исполни нивните соништа.
Љубителите на зодијакот веќе знаат дека огнените знаци се обично страствени, воздушните знаци се малку ветровити, а водните знаци се многу чувствителни. Но, кои се „најдобрите“, кои ќе направат сè за вашата љубов да биде незаборавна?
ОВЕН
Тој е незапирлив освојувач, ќе бидете негови дури и пред да разберете кој е и зошто ви се допаѓа, барем според астролозите. Овенот секогаш има идеи за одлични состаноци, подготвен е да биде романтичен додворувач, но и возбудлив партнер во трајна врска. Никогаш нема да ви биде досадно со него, но знае да бара и љубовта нема да опстане доколку давањето не е двонасочно.
РАК
Симпатичен и внимателен, тој навистина се грижи за своите партнери. Ракот е подготвен да ве изненади со мали задоволства кои и самиот ги сака, а со него ретко има дилеми во однос на вистинските чувства. Кажува и покажува, течно ги зборува и двата важни „јазици“ на љубовта.
СКОРПИЈА
Тој може да биде мистериозен, дури и малку мрачен, но секогаш е свесен за своите грешки и подготвен да работи на себе. Затоа може со малку трпение да стане вистински партнер од соништата. Знае да се грижи како Рак, често е страстен како Овен, а на тоа додајте и длабоко познавање на психологијата што ќе го натера да ги чита вашите желби „како книга“.