Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 24 - ти април (петок).
Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 24 - ти до 26 - ти април пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 27 – ми април, пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на Банката согласно определен редослед.
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите во периодот од 27 - ми до 30 – ти април е креиран согласно висината на пензијата и тоа:
Со цел заштита на здравјето, од Банката препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препораките се подигнувањето на средствата да се врши на банкомат.
Банката апелира и понатаму да се почитуваат превентивните мерки, да се носи заштитна маска, чекањето ред да биде на обележаните места и да се држи растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.