Никодиноска: Дневна доза нервоза - Се фрустрирам секое симнување на кеј во Општина Аеродром

Дневна доза нервоза: Се фрустрирам секое симнување на кеј во Општина Аеродром. Секогаш има многу луѓе на патеката, по кејот, на клупите. Граѓаните интензивно го користат просторот. Некои залутани шатки во реката - идиличен сегмент од целата слика. И ѓубре - расфрлано на сите страни, на кејот, на патеката, во водата. Една работа направете како што треба - почнете од тоа што веќе го имаме и што треба да се одржува. За тоа не ви треба капитална инвестиција. Кој и да е надлежен, за кејот, за реката, дали општина Аеродром или Град Скопје (не знам и не е моја работа), а бе срамота е, лоши домаќини сте. Лоши.

Наместо научно-фантастични ветувања и пластично-козметички зафати на разни ќошиња, уличиња и тревничиња во предизборниов период, од сегашните и од идните градоначалници очекувам да почнат од наједноставната и најелементарната работа - од ѓубрето. Уште сега, иако е лето, иако се луѓето по одмори, иако е топло, овие сегашниве да си ги завршат лабавите мандати не по одмори, туку во канцеларија. Не е доволно ова што го правите досега, малку е, нема разлика. Ѓубрето уште повеќе се гледа во празен град.

Тешки разочарувања поради големи очекувања. 

ФБ статус на Весна Никодиноска