Ние сме безбедни, но се апелира за заштита - во Србија 29 луѓе починаа од западнонилска треска

Во Србија годинава се регистрирани 29 смртни случаи од западнонилска треска, а регистрирани се 286 заболени. Само минатата недела починаа четири лица.

Институтот за јавно здравје на Србија објави дека најголем број заболени има во Белград.

Од земјите од регионот, вирусот е регистриран и во Хрватска, БиХ и Словенија.

Поради задоцнетото прскање на градските власти, скопјани изминатите денови бурно реагираат на наездата од комарци. Иако од Град Скопје најавуваат дека следните денови ќе има прскање, според епидемиолозите, уништувањето на ларвите треба да биде на почетокот на пролетта.

Употреба на средства за заштита од инсекти и мрежи на вратите и прозорците е единствената заштита од комарците.