На 23 јули започнува сезоната на харизматичниот Лав, што значи дека е време за поинаква енергија.
Овој период има за цел да нè потсети на нашата моќ, но и да ни донесе харизма и задоволство. Страста е главната сила која ги води Лавовите напред, а таа ќе им помогне на сите хороскопски знаци да тргнат по она што им значи во животот.
Лавовите се сметаат за едни од најсреќните знаци во хороскопот, а таквата енергија ќе биде почувствувана за време на нивната сезона. Време е да се потсетиме колку вредиме, што сакаме и да бидеме во центарот на вниманието.
Дури и да сте интровертни личности кои не сакаат да се во центарот на вниманието, оваа сезона ќе ви помогне да блеснете, а посрамежливите личности ќе можат да излезат од својата школка и да му покажат на светот што умеат.
Но, внимавајте – Лавовите знаат да бидат и драматични па можни се и драми во вашите пријателства и љубовни врски. Можно е да се занесете со своето его, заборавајќи на чувствата на другите.
Сезоната на Лавовите нè носи на главната сцена, онаму кадешто припаѓаме со сите наши свои желби и соништа. Време е да пробаме нови фризури, нови алишта, да сретнеме нови луѓе и едноставно да бидеме автентични.