Несреќа во Скопје: Се судриле на паркинг па прегазиле и дете

Возила се удриле на паркинг во Скопје, а бил удрен и малолетник кој се здобил со повреди.

Драмата се одвивала во 22 часот кога во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на  булеварот „АСНОМ“, се случила сообраќајна незгода во која учествувале  патничко моторно возило „Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот М.И. од селото Сингелиќ-скопско и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот Р.И.  од Скопје. При несреќата на паркингот бил удрен малолетен пешак од Скопје. Девојчето било  пренесено во ГОБ „Св. Наум Охрдиски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.