Несреќа во Гевгелија: Малолетници се борат за живот

Денеска (08.06.2024) во 01.58 часот во Полициската станица Гевгелија, било пријавено дека на крстосницата од ул.“Коле Неделковски“ и ул.„Љубљанска“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано од Б.Ј.(20) од Гевгелија и мотоцикл „педа“ со гевгелиски регистарски ознаки управуван од малолетник од с.Прдејци, гевгелиско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговиот малолетен сопатник констатирани во Општата болница Гевгелија.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.