Непријатна порака упатена кон Филипче „осамна“ пред штаб на СДСМ во скопски Аеродром

„Венко (Заев) за вас вратата е затворена“. Оваа порака напишана на голем транспарент беше поставена пред општинската организација на СДСМ во Аеродром.

Се огласија од Општинската организација СДСМ од Аеродром од каде најостро го осудија чинот за поставување на транспарентот против кандидатот за претседател Венко Филипче.

- СДСМ Аеродром не стои зад овој настан кој го сметаме за саботажа од страна на други политички субјекти со цел да внесат раздор во партијата, се вели во реакциајта на општинската организација на СДСМ од Аеродром. 

Инаку, Филипче се кандидира за нов лидер на СДСМ, а тој важи за мошне близок до поранешниот лидер на партијата Зоран Заев.