Нема работни места или нема кој да работи?

-Веќе шест месеци барам работнички за во сендвичара.Со овој бизнис се занимавам скоро 10 години и никогаш не било како сега. Уште кога ќе се видам со нив, тие на мене ми поставуваат услови. Од сето тоа што можев да заклучам е дека на луѓето не им се работи. Четиринаесет илјади им е малку, слободни денови им се малку и ред други работи, а подобро им е да седат дома... 

Еден од поголемите проблеми со кој се соочуваат граѓаните на Македонија е работат. 

Се поставував прашањето, дали во Македонија навистина нема работа, или пак нема кој да работи? 

-Јас постојано барам рабонички за во мојата чевларска фирма, која опстојува околу 20 години. И не можам да кажам дека словите се лошо, секако дека се далеку од совршени, но работниците имаат минимална плата и платени сите други придонесе. Ќе дојдат ќе работата една недела и повеќе не се јавуваат. Имам вработени кои ги имаат поминато сите чевларски фирми, и ете ниту една не им се допаднала, вели сопственик на приватна фирма. 

-Јас сум дипломиран правник веќе 8 години, и никогаш нема да работам за плата од 200 евра, ниту пак сум во план да одам на неплатена некаква си пракса, јас имам диплома, пракса не ми треба. Подобро дома ќе седам, отколку да работам за 200 евра, вели Никола од Влае.