Некултура и себичност: “Белите дробови” и Градскиот парк по “рефрешираните” викендаши (фото)

Купишта ѓубре, расфрлани насекаде ваква е сликата за време на викендите во Градскиот парк и Водно.

-Наместо пријатно место за одмор, за прошетка парков повеќе личи на депонија. Секој ден шетам овде и преку ден нема инциденти, но преку ноќ младиве дивеат. До каде ќе одиме со ваква младина, не знам - вели еден редовен посетител на паркот.

Со понекој сендвичи и пијачка во рака се гостат и уживаат во чистиот воздух, а зад себе оставајќи ја сета своја некултура и себичност. Вака помина и последниот викенд само ѓубре откако “рефрешираните” викендаши си заминаа по дома.

Фото: Вечер

Прашањето е само кој очекуваат да им го собере ѓубрето и некултурата по нив!?