Што има во град викендов?

Сабота 22.9.2018

[09.00] Архитектура во живо: (Не)Познати простори// BIMAS

Посета и обиколка на неколку значајни објекти од скопското архитектонско наследство од втората половина на 20. век. Целта на турата е преку поблиското запознавање со објектите и нивните високи архитектонски вредности, да се нагласи нивното значење, како и да ги направиме видливи и оние делови од објектите кои што се вообичаено затворени за јавноста.

Објекти кои ќе се посетат:
– Македонска опера и балет (Биро 71)
– Алкалоид (деловна зграда), арх. Александар Серафимовски
– Управа за хидрометеоролошки работи, арх. Крсто Тодоровски
– МАНУ, арх. Борис Чипан

Турата започнува во 9.00 на платото пред МОБ. Предвидено време на траење 4 часа. Обезбеден е автобуски превоз.
Бројот на учесници е ограничен на 30. Пријавување на kontakt.aam@gmail.com до четврток, 20.09.

[10.00] Картинг трка – Шампионат на Р. Македонија// Арт Картинг Центар

Картинг трка од отворениот шампионатот на Македонија.
Во организација на Custom Car Racing Team од Скопје во соработка со Art Karting Centar.

[13.00] Винил џубокс // Кафе Бар Синдикат

Оваа сабота Скопски Грув ни го претставуваат Винил Џубокс – дојдете и изберете си плоча! Тие ќе се погрижат за грамофон и ќе донесат винили од различни жанрови, а вие си избирате музика по желба. Приниципот оди така што секој избор се запишува во плејлиста и по соодветниот редослед ќе биде пуштен. Нешто како вистински џубокс ама со поголем човечки инпут.

Старт 13ч.

п.с. Слободно донесете си и своја плоча, да ја пуштиме.

[18.00] Гледај.мк слави 50 рецензии! // Младински Културен Центар

Забава, дискусија и дружба!

[20.00] Гробница за Борис Давидович // Младински Културен Центар

A Tomb for Boris Davidovich ÚJVIDÉKI SZÍNHÁZ/NOVOSADSKO POZORIŠTE, Novi Sad (SRB)

[21.00]  „Skopje Beer Fest“//Стадионот на Армијата 

Традиционалниот „Гурмански викенд во Скопје – Пиволенд“ со нов концепт и ново име „Skopje Beer Fest“, годинава од 20-ти до 22-ри септември ќе се одржи на стадионот на Армијата во Градски парк.

“Skopje Beer Fest“, како што информираат од Град Скопје, на посетителите ќе им понуди различни видови на пиво од Македонија и светот, атрактивна сцена за артистите, богата локална кујна, одлична музичка програма, како и голем број забавни активности.

[20.00]  Блуз и соул фестивал//Пивница „Стар Град“

Квинтетот „Гамблерс“ (The Gamblers) од Сремска Митровица, Србија, блуз-состав кој од 1984 година ја освојува регионалната блуз-сцена и настапуваат на престижни фестивали низ Европа. 

Саботната блуз-вечер ќе заврши со настап на „Chris Grey & The BlueSpand“ од Данска, трио  на Крис Греј кој е блуз-ѕвезда во Европа и светот. Нивниот груви-фанки блуз во последните две години ги освојува блуз-фановите низ Европа, а нив ги прави меѓу најпопуларните блуз-бендови. 

[21.00] Saturday in Public Room // Јавна Соба

Забава и разонода за сите и оваа сабота. Туборг за 100мкд и Еми позади сет.

[21.00] Actors in action // Кози Бар

Оваа сабота актерска иницијатива во Коузи Бар. Цел: На децата со даунов синдром им е потребна финансиска помош за учество на Специјална Олимпијада во Абу Даби 2019.

За таа цел, актери и актерки од МНТ, Драмски театар и Театар Комедија ќе го дадат својот придонес работејќи позади шанк и со послужавник во рака. DJ поддршка од Ризински. Cosy Beer Bar ќе донира 20% од прометот од тој ден.

[22.00] Странци – МОТ // Драмски Театар Скопје

Странци е „драмомедија“ во која седумина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отварајки болни конфликтни ситуации. Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себепретставување.

[00.00] 909 Boutique // Сектор 909

DJ сет на Chedo  и Bukacha оваа сабота на подиумот во Сектор.

[00.00] Why Not // Клуб Маракана

Rock&Roll/Metal журка!

[00.00] Bada Boom! vol.1 at Kapan An // Капан Ан

Сабота 22.09.2018 @ Капан Ан (во дворот)

* Toksikolozi
* Secta (BG) – Filip Ivanov
* Dj Goce SAF
* DJ Drazi Drags

Старт на полноќ, влез 200 денари.
Карти на врата.

Недела 23.9.2018

[20.00] Го убивме шугавото куче // Младински Културен Центар

We Killed Mangy-Dog COMPANHIA JOÃO GARCIA MIGUEL, Lisbon (POR)

[22.00] Неподносливиот бескрај // Кино Карпош

The Impossible Vastness FRANZ VON STROLCHEN, Hamburg (GER)