Некогашната скопска атракција ќе остане забранета зона за капење

На само чекор од љубопитните погледи на туристите, на само еден срцев такт од носталгичните приказни на скопјани, на само потег од надлежните власти, на 15 минути од центарот на главниот град, се простираат приказните кои езеро Треска ги има напишано пред многу години.

Исто како и изминатите години, така и оваа, езерото Треска ќе остане подзаборавено и тешко дека ќе ја дочека долгонајавуваната ревитализација, откако надлежните не ги обезбедија петте милиони евра за комплетното реновирање на езерото. Тоа значи дека оние што долго чекаат ова езеро да блесне во сиот сјај како некогаш, и овој пат ќе останат разочарани.

-Главниот проблем за повторно да се врати во употреба езерото Треска е пречистителната станица за прочистување на водата, а таа чини над милион и пол евра. Сепак, надлежноста за набавката на пречистителната станица е на општината Сарај, бидејќи од 31 декември 2016 година ЈП „Паркови и зеленило“ повеќе не стопанисува со езерото, откако градот стопанисувањето со комплексот ѝ го додели на општината Сарај - велат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Постојано се наслушнуваат секакви муабети околу неговото повторно функционирање како главна летна атракција на скопјани. На местото на некогашните камп-приколки, денес владее пустош, површини обраснати со треви, и по некоја приколка во која живеат семејства кои немаат покрив над главата.

“Езеро Треска” е изградено во 1978 година со самопридонес на жителите на Град Скопје претставува рекреативна зона која се простира на 136.000 метри квадратни, длабочина од 1,6 до 3 метри и располага со капацитет Езерото било место за релаксирање на скопјани цели 20 години, се до 1998 година кога истото е затворено за капачи поради загаденоста на водата.