Не застанал на „стоп“ од полицијата, па избегал - Полицијата му пронајде мигранти во возилото

Возач кој превезувал мигранти не застанал на знак за запирање од сообраќајците, по што избегал. Инцидентот се случил кај Неготино. 

- На 18.02.2024 во 23.15 часот на автопат Неготино – Градско, кај клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ при Регионалниот центар за гранични работи Југ дале знак за запирање на патничко возило „цитроен ц5“ со скопски регистарски ознаки, но возилото продолжило со движење.

Набргу, возачот го запрел возилото и го напуштил местото, а по извршен преглед во возилото биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Увид бил извршен, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.