Не се заљубувајте во Раковите

Не се заљубувајте во Раковите бидејќи тие имаат срце од злато.

Не се заљубувајте во нив бидејќи тие го имаат најчистото срце на светот. Влегуваат во врските без никаков скриен мотив и имаат само желба да сакаат силно и да бидат сакани. 

Но, и покрај својата кревкост и чисто срце, тие носат оклоп и не се впуштаат во љубовта така лесно. Нивната љубов не е едноставна бидејќи ќе ве научи дека тоа е најубавото нешто на овој свет -  да се сака и да се биде сакан.

Не се заљубувајте во нив бидејќи ќе го забележат и најмалиот детал за вас. Слушаат повеќе одошто зборуваат иако имаат многу што да кажат. Тие ќе ги запаметат сите оние работи за кои нема да се сеќавате дека сте им ги кажале.

Не се заљубувајте во Раковите бидејќи тие се грижат премногу. Во нивното срце ќе најдете дом и ќе се чувствувате сакано како никогаш досега. Ќе се извинат кога згрешиле, дури и пречесто и само ќе посакаат вие да сте среќни.

Тие се едни од најчувствителните личности кои ќе ги запознаете. На секоја ситуација гледаат различно и често анализираат додека не утврдат дека знаат што вистински се случило. Тоа е бидејќи се грижат. Ако ве сакаат вас, ќе ги сакаат и луѓето околу вас и ќе ве научат како се сака.

Тие не сакаат големи забави и друштва, туку највеќе ќе сакаат да минуваат време во вашите прегратки. Често се срамежливи и нежни, но не се плашат од тоа да го отворат своето срце ако сфатиле дека заслужувате. Тие го следат своето срце и тоа ги води низ животот, разумот е на второ место. Затоа, често се тврдоглави и упорни бидејќи му веруваат на своето срце.

Не се заљубувајте во нив, бидејќи ако ги повредите, никогаш нема да ви го заборават тоа. Ќе ве научат дека брзо, со најмала грешка можете да ја изгубите најзначајната личност во својот живот.