Не го трошете животот на овие луѓе...

Не го трошете животот на оние кои бараат од вас да се откажете од своите уверувања за да се прилагодите на нивните.

Не го трошете животот, ни зборовите, ни вниманието на оние кои ве ставиле на дното на својата листа со приоритети, додека вие сте ги ставиле на врвот на вашата листа.

Не го трошете животот на некои луѓе кои постојано ве потсетуваат на нивната вредност со тоа што ја омаловажуваат вашата.

Не го трошете животот на луѓето со кои секогаш морате да ги избирате зборовите и доколку кажете нешто погрешно, знаете дека ќе ги чувствувате ужасните последици од тоа.

Не го трошете животот на оние кои никогаш не ги виделе вашите солзи, оние кои никогаш не разбрале што се наоѓа зад насмејаното лице, оние кои нималку немаат трпение за вашите слабости.

Не го трошете животот на луѓе кои никогаш не ве чекале, а можеби тоа чекање било токму поради нив.

Не го трошете животот на луѓе чија рамнодушност кон вас е толку голема што се гледа од Месечината, а само вие не го гледате тоа.

Не го трошете животот на луѓе во чија близина чувствувате страв, затоа што стравот нема никаква врска со љубовта.

Заштитете го своето време, затоа што времето е ограничено и бргу истекнува. Нема да добиете повеќе од тоа. Само на тој начин ќе покажете колку ви е грижа да си го дозволувате себеси она што навистина го заслужувате.