Наставник во Прилеп уапсен поради дрога

 

На 22.03.2023 во 18.20 часот во Прилеп од страна на полициски службеници од СВР Битола, надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп при преглед кај В. А.(54)од Прилеп била пронајдена бела грутчеста материја, соопштија од МВР.

Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. 

Како што пренесоа дел од медиумите лицето е наставник во основно училиште во Прилеп. 

Случајот доаѓа само неколку дена откако во голема полициска акција во Скопје беше уапсена наставничка во основно училиште, која според полицијата била вмешана во трговија со дрога.