Наставничка од „Владо Тасевски“ нападната од директорката и уште една колешка – закани, навреди и пцовки пред основците

Закани, навреди и процвки пред очите на основците од Владо Тасевски. Поранешна директорка, сега наставничка обвинува дека е физички и вербално нападната од директорката и од професорката по историја. Вели дека добила закани по живот поради стар спор помеѓу нив.

„Дојде директорката Елка Даскалова, ме повика, и реков дека не можам да ги оставам децата. Му нареди на обезбедувањето да ги причува децата. Отидов во нејзината канцеларија, таму ја видов Катерина Божиновска, таа беше во Управен одбор кога јас бев директорка. Не знаев што се случува, ми рече дека гркланот ќе ми го скинат“ – вели Ирена Кофиловска – наставничка во ОУ Владо Тасевски.

Наставничките и директорката на основното училиште Владо Тасевски ќе бидат повикани кај Секретарот на општина Карпош за скандалот  – дознава 1ТВ.

Од општина Карпош информираа дека ќе го испитаат случајот и ќе преземат мерки бидејќи такво однесување пред децата е недозволиво. За 1ТВ велат дека веќе побарале од просветниот инспекторат да постапи и дека секретарот на општината ќе ги повика сите вмешани. Министерството за образование потврди дека го истажуваат случајот.

„Инспекторот излезе на терен и работи на формирање предмет. По констатирање на фактите ќе бидат преземени соодветни дејствија“ – велат од просветниот инспекторат.

Според досегашната пракса, на инспекторите им се потребни неколку дена за да излезат со став, па така наод од просветниот инспекторат очекуваме најдоцна до среда.

„Училиштето работи 65 години и е најдоброто училиште. Нашите ученици победуваат и остваруваат најдобри резултати на натпреварите. Па сега вие проценете какви се односите. Односите се прекрасни“ вели Елка Даскалова, директорката на ОУ Владо Тасевски.