Населбата Ново Лисиче доби 50 нови паркинг места

Населбата Ново Лисиче доби околу 50 нови паркинг-места со проширување на веќе постојните паркинзи на три локации во непосредна близина на булеварот „Видое Смилевски – Бато“, соопшти Општина Аеродром.

Како што се наведува, проширувањето на паркинзите е во рамките на тековните активности за одржување на паркиралиштата, пешачките патеки и тротоарите што се под надлежност на Општината.

Тековното одржување опфаќа заменување на старите и дотраени бекатон-плочки на јавните и пешачките површини на ниво на целата територија.