Најважни се луѓето кои биле со нас во тешки времиња

Овој текст ќе ви одземе многу малку време, но сигурно ќе ве инспирира да го промените мислењето.

„Најтешка работа во животот е да знаете кои мостови треба да се поминат, а кои да се запалат.“ – Ова е познат цитат на познатиот филозоф Бертранд Расел и е одличен вовед во овој текст за смислата на животот. 

Добрите луѓе ќе ви донесат среќа, лошите луѓе ќе ве наградат со искуство, најлошите ќе дадат некаква лекција, а најдобрите ќе ви подарат спомени. Ценете го секој еден човек во вашиот живот. Луѓет мислат дека ќе бидат среќни ако се преселат на друго место, а потоа сфаќаат дека каде и одиш се носиш себеси. Среќата е како бакнеж, за да уживате во неа треба да ја споделите со некого. 

Ценете ги луѓето кои доаѓаат во моментите кога ви е тешко. Не им ја затворајте устата на оние кои ви ги отвораат очите. И кога цврсто стоите на нозете, не ги заборавајте оние кои ве кренале. Нема смисла да се обидуваш да помогнеш на оној кој не сака помош. Невозможно е да натераш некој да се качи по скали, ако не го сака тоа. 

Сите грешат. Само достојните ги признаваат грешките. Храбрите молат за прошка. А силните продолжуваат да се борат за тие што им значат. Бидете со оние кои сакате да бидете. Соберете храброст ако сакате нешто да промените. Бидете трпеливи ако е невозможно да се промени нешто. И бидете мудри за да знаете кога треба храброст, а кога трпение.

Извинувањето не значи дека не сте во право, а дека другиот човек е во право. Тоа само значи дека вредноста на вашиот однос е поважна од вашето его. Колку подолго живеам сфаќам дека најважна работа во животот е цврсто да знаеш што сакаш, а да не дозволиш да те збунат оние кои мислат дека подобро знаат. Во карактерот на човекот постојат три златни карактеристики: трпение, чувство за мера и умешноста да се молчи. Понекогаш тоа во животот помага повеќе од интелигенцијата, талентот и убавината. 

Ценете ги сите. Се’ може да се преживее во животот додека постои она поради кое треба да се живее, сака и за кое треба да се грижите и верувате. Најчесто се караме со оние кои најмалку сакаме да ги изгубиме. Привлечноста на душата се претвора во пријателство, привлечноста на умот се претвора во почит, привлечноста на телата се претвора во страст. И сето тоа заедно може да се претвори во љубов. 

Ако губитникот се насмевнува – победникот го губи вкусот на победата. Ако сакате да запознаете некого не слушајте другите што имаат да кажат за него, подобро слушајте што тој има да каже за другите. Никогаш не се оправдувајте. Ниту на оние кои ве сакаат, а уште помалку на оние кои не ве сакаат. 

Оној кој не ве сака никогаш нема да ви верува, а оној кој ве сака ќе најде оправдување за вас. Вистински блиската личност е личноста која го знае вашето минато, верува во вашата иднина и ве прифаќа онакави какви што сте. Парите доаѓаат и си одат, среќата не е во нив. Најважни секогаш ќе бидат луѓето кои биле со вас во најтешките времиња. 

Зборовите на саканите лечат подобро од сите доктори на светот. И убиваат побрзо од сите џелати. Песимистите гледаат тешкотии насекаде, а оптимистите можности во секоја тешкотија. Единствено правило кое треба да го следите е да бидете човек во сите животни ситуации.