Најчевска со жестока критика до Владата: Пак да си ги гласате!

Професорката Мирјана Најчевска на социјалната мрежа Х ( Твитер) со жестока критика кон Владата откако беше кажано дека е изгласан законот со кој се стопира понатамошното зголемување на платите на функционерите. Таа напиша дека можат да се променат 6 закони за да се задржат енормно зголемените плати, а не може да се промени еден за да се намалат истите. Притоа иронично додава да истите овие лица повторно да бидат гласани на избори.

- “Можат да променат 6 закони за да ги задржат енормно зголемените плати, а не можат да променат еден за да ги намалат. Да си ги гласате. Немојте ни да помислите да гласате за некој друг. Незаменливи се. Или не гласајте воопшто за да останат “без ваша вина“, напиша Најчевска