Најавен нов полициски час - социјалните мрежи „вријат“, коментарите полни со потсмев

Комисијата за заразни болести препорача полициски час од 22 часот до 5 часот следното утро, но оваа информација ги разбранува граѓаните, кои своите коментари ги изнесоа преку социјалните мрежи. 

Според едни оваа мерка е задоцнета, според други коронавирусот се уште не постои, а некои се загрижени за уште еден колапс на стопанството и сметаат дека единствено треба да се заострат мерките за носење заштитна маска и одржување растојание и да се регулира работата на угостителските објекти и користењето на јавниот превоз. 

Ова се само дел од коментарите на Фејсбук:

„Па и онака нема многу движење во тој период, што ќе се спречи со тоа?“

„Глупости, се враќа ланското сценарио, зарем има логика ова? Ако веќе бараш решение, најди го како што треба, затвори се на една недела или пак две за да им барем корист од тоа и за Велигден да си бидеме слободни, а не како лани.“

„Е зошто од 22ч де? Дај таму од 19ч до 7ч да се одмориме убаво.“

„Зошто е полициски час од 10, кафичите работат до 9 и сите се прибираат дома до 10, полициски час за спиење, глупости.“

Некои дури повикаа и на протест против оваа одлука, што повторно е апел за собирање на голем број граѓани на јавна површина, нешто што е спротивно на препорачаните мерки за заштита од ширење на вирусот. 

Секако, ниту корисниците на Твитер не заостанаа зад коментарите:

„Единствен начин за да се реши дилемата за полициски час е ферка на Плоштад. Од едната страна тие кои се за, а на другита тие кои се против полициски час.“ - @Covek1

„Ладно камен е навечер жив чоек не излегвит надвор, тие ќе воведвеле полициски час од 22ч.“ - @zstaka

„Бар нема да се собираат неизживеaни по гаражи после 10. <3333“ - @mentalen

„Добро еве не мора научно, нека има барем логично објаснување за полициски од 22:00“ - @Samosvesen

„Мене полициски од 22 до 5 нема да ми смени ништо. На тие на кои им менува секако ќе извадат дозволи за движење.“ - @tishinamalku

„Затворите ги трговските, воведете повеќе автобуси, кафани и кафичи само и исклучиво на отворено, и задолжително носење кн95 сегде на затворено. И да, субвенционирајте тестови у приватни наместо да се чека недела дена за на државна за тестирање.“ - @tindomiell