Награди за најбрзите и највештите велосипедисти од основните училишта во Центар

Денеска учениците од основните училишта во општина Центар се натпреваруваа и ги покажаа своите вештини во возење велосипед.

Најдобрите шестмина добија пригодни награди, а две училишта од општина Центар, ООУ „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“ добија велосипеди. Настанот беше дел од проектот „Цел Центар на точак“.

Проектот за сообраќајно воспитување, кој се изведуваше во секое училиште во општината, за учениците од 6-то до 9-то одделение, е со цел да се зголемат капацитетите на децата како активни учесници во сообраќајот.

На учесниците им беа посочени предностите од користењето велосипед, како и правилата за безбедно учество во сообраќајот.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, честитајќи им на најдобрите и највештите, им посочи дека општината води грижа и секогаш ќе ги поддржува активностите и проектите за најмладите, за поздрав живот и нивна безбедност.