Над 9.600 слободни работни места евидентирани во Агенцијата за вработување, еве што најмногу се бара

Над 9.600 слободни работни места се евидентирани во Агенцијата за вработување.

Најмногу работници се бараат во преработувачката индустрија. Следува трговијата на големо и мало, а потоа во секторот администартивни и помошни услужни дејности.

Според податоците најголем дел од неврабоетните се со средно образование за кои  пазарот на труд има најголема потреба. Ескпертите велат, платата не е секогаш одлучувачка . Потребно е постојано да се вложува и во постојните вработени.

Според статистичките податоци во средните претпријатија, со 10 до 49 вработени, но и во фирмите со над 250,  има најмногу слободни места.  Вардарскиот и пелагонискиот регион имаат најголема потреба од работна сила.