Келнери, продавачи и медицински сестри - најбарани професии во Македонија

Македонските компании нудат можност за вработување на околу 5.000 лица од разни професии. На официјалниот веб-сајт на Агенцијата за вработување аврм.гов.мк во моментов се бараат работници со различен степен на образование, стручност и искуство.

Се бараат сметководители, градежни работници, возачи, келнери, медицински сестри, комерцијалисти, општи работници, продавачи, но и менаџери и директори. Дел од понудата за нови вработување се и ИТ-инженери, лекари и друг стручен медицински кадар,особено болничари но и економисти, адвокатски приправници…

Сите овие огласи се јавни и видливи и секое заинтересирано лице може да ги види на веб-страницата, со тоа лицата кои се невработени или пак кои бараат работа детално можат да се запознаат со моменталната состојба на пазарот на труд и доколку ги исполнуваат предвидените услови да аплицираат.

Деновиве премиерот Зоран Заев најави дека со 1,1 милијарда денари годинава државата обезбеди за да го стимулира вработувањето, особено на младите. Како што појасни Заев мерките се фокусирани на доквалификација, вработување на најранливите категории, поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи.

Во подготвениот Оперативен план за вработување за 2019 година наречен “Шанса за сите” има доволно средства за вработување наоколу 8.000 млади невработени лица, особено ќе има место за оние кои се образувани и имаат можат да ги реализираат своите потенцијали.
Во планот има дадено можност и за младите на кои им недостига соодветно обрзование да можат да се доквалификуваат и прекфалификуваат и на таков начин полесно да најдат работа.

Со планот посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, како и на корисниците на гарантирана минимална помош. Во него се опфатени и физичките лица на кои исто така им се нуди силна поддршка за самовработување, но и за отворање нови работни места, раст на платите, како и поддршка за вработување на лица со попреченост.

Ќе бидат овозможени и обуки за занаети, за дигитални вештини, а се продолжуваат и програмите “Практиканство”, “Општинско-корисна работа” и “Јавни работи”.

Оперативниот план за вработување за ланската година се реализирал со високи 95 проценти. Со него првпат беше воведена и „Гаранцијата за млади“, која продолжува и годинава. Лани преку оперативниот план биле вработени 7.370 лица, од кои над 6.000 биле во приватниот сектор.

Недостаток за нови вработувања има и во земјите на Европската Унија. Според последните анализи недостасуваат 3, 8 милиони работници, најмногу медицински лица, експерти и квалификувани работници од металната индустрија, како и лица од областа на информатичката технологија.

Од “Еуростат” анализираат дека во Германија се бараат над еден милион и 200 илјади, средно и висококвалификувани работници. Во Германија од јануари 2020 година ќе стапи на сила одобрување на шестмесечни визи за оние кои сакаат работа. Покрај Германија, се бараат и работници во Велика Британија, Чешка, Холандија, Полска и Белгија.

air max 90 essential sale